Венчавката е церемонија која ја слави душата, почетокот на ново патување…
А венчалниот прстен е најважен меѓу сите тие аксесоари кој не е само украс туку и симбол на љубов.
Посебна убавина е размената на прстените, но кога ќе ги ставите на перниче, тогаш се уште поубави. Иако изгледа како некој нов тренд, вистината е малку поразлична.
Уште старите Римјани и Ееѓипјани ги користеле за пренесување на скапоцени камења и накит.
Невестата го зема прстенот од кумот, тој го става на перниче за попот до благослови. Прстенот се ставан на домалиот прст од левата рака бидејќи тука води вената Аморис, право до срцето. И така почнало се…
Денес перничињата се симпатичен моден детал и мило сеќавање на најубавиот ден од животот. Секако дека ќе одговара на невестинскиот фустан. Мора да има карнер од чиста чипка, и сатенска машничка.
Се прават најчесто од сатен во облик на срце или квадрат, но постојат и во кружен облик, бела, беж или пастелна боја. А зошто да не, може да биде и црвено! Сите да знаат дека се сакате!
Опциите за декорации се многу. Тие можат да бидат зашиени или извезени по целата површина.
Дали ќе биде монистра или циркони, или било необично пердуви, цвет … Сето тоа зависи од вашата имагинација!
Популарно е и печатење монограм или свадбен датум или дури и некои интересни пораки, кои ќе се претвори во перница со скапоцени сеќавања!



















You must be logged in to post a comment Login