Сезоната на свадби доаѓа наскоро, а тензијата кај младите дами кои оваа година ќе го кажат судбоносното “да” полека расте.
При планирање на свадбата многу работи треба да се земат во предвид. Битни се и малите ситници што значи треба да вложите многу труд и внимание како би тој ден бил совршен, што е сон на секоја млада дама. Од изборот на ресторани, украси, храна, музика и се друго, она на што најмногу младите се посветуваат е изборот на фустани и нивниот севкупен изглед тој ден. Се мора да биде совршено – фризури, шминка, нокти, накит, чевли и фустан. Овој пат ви ги претставуваме најдобрите венчаници за претстојната свадбена сезона.
Вера Ванг е добро познато име во светот на венчаниците и високата мода. Нејзината пролет / лето колекција опфаќа големи, обемни и драматична фустани, кои се разбира се класични и традиционални бели. Силуетите се елегантни и модерни, како и секогаш. Инаку Вера Ванг е во меморијата на многу дами запаметена како добар дизајнер на венчаници поради нејзината позната креација која ја носеше Кери Бредшо во серијалот ,, Сексот и градот “. Во нејзината кампања главната улога ја имаше моделот кој моментално е многу познат- Инес Ниф.
Зухар Мурад е уште едно од врежаните имиња на идните сопруги. Тој е многу талентиран господин кој создава совршени вечерни фустани и венчаници. Тој ја претстави својта колекција на венчаници за есенската сезона 2015, а како и секогаш неговите фустани се елегантни, со модерни силуети и фокусирани на половината. Транспарентна ткаенина се користи за да додадете сензуалност и гламур на севкупниот изглед. Свадбените фустани се дополнително украсени со прекрасни украси за коса и обемен вел.
Италијанскиот моден бренд Алесандро Aнгелози Коутуре во својата кампања ја претставува убавата и сензуална Бјанка Балти. Овие фустани се прекрасни, а кампањата е снимана во Рим. Во оваа колекција можеме да видиме по старовремски модели, како и оние кои се малку повеќе предизвик и помодерни форми. Бјанка беше јасно најдобара во изборот за претставување на оваа колекција, бидејќи таа на најдобар можен начин ги покажа сите најдобрите елементи од оваа колекција.
Каролина Херера исто така ја претстави својата нова колекција на венчаници. Гламур и традиционална софистицираност се двете главни теми на нејзината нова колекција. Прекрасна шантили чипка е дел од тулот , поставена во голи нијанси, додека везовите се идеално завршувањето на деталите на фустаните. Формите на овие модели се драматични и долги, додека главниот фокус е на половината.
Моник Лулиер колекцијата од 2015 е инспирирана декорација на кутијата за накит. Во оваа збирка главниот фокус е на фантастичните украси и женски форми. Фустани се презентирани во пастелни нијанси на бела и шампањ боја. Чипка, тул и луксузни везови заедно оваа колекција ја прават како од бајка и реализација на сонот за многу жени низ целиот свет.
Оскар де ла Рента е светски познато име. Поточно, тој стана познат кога ја создаде венчаницата за сопругата на заводник Џорџ Клуни, односно на Амал Aламудин. Неговата колекција за 2015 сезона претставува сличен стил. Од друга страна, искусниот моден дизајнер презентираше и кратки фустани за млади дами кои се подготвуваат за свадба, но и оние традиционалните дизајни во бело. Во понудата има тесни фустани, како и оние со поголем волумен.
Волшебното Ателје од Лив Харт ја претстави својата колекција претходно овој месец на модна недела. Овој бренд покрај прекрасните и атрактивни фустани нуди и голем избор на накит за млади. Оваа колекција содржи чешли за коса, како и траки за коса со многу сваровски кристали. Главен модел за оваа кампања е Кристина Бродиугова.
Американскиот моден дизајнер Зак Посен се здружи со брендот David’s Bridal заради креирање на седум преубави и неверојатно привлечни венчаници. Фустаните се традиционално бели за оние млади кои сакаат да бидат префинети и елегантни, но во понудата има и фустани во тегет боја, како и оние во шампањ боја за оние малку похрабрите.

You must be logged in to post a comment Login