Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Како ве опишуваат боите на вашата венчавка?

Навистина е тешко да избереш бои за твојата венчавка, но потешко е истите да ги комбинираш. Среќната бројка е 3, три бои за одлична комбинација.

Првата боја е најдоминантна. Тоа е бојата на венчаницата, бојата на поканите, на цветовите и декорацијата.

Втората боја треба да ја надополнува првата. Таа може да се забележи во ситните детали на поканите, приборот на масата, детали во декорацијата.

Третата боја ги нагласува останатите две бои. Може да се забележи на самите цветови или на додатоците.

Иако потсвесно ги бираме боите, забораваме дека тие ја отсликуваат нашата енергија и хармонијата во просторот. Во продолжение се објаснети значењата на дел од боите:

– Светло-црвена: возбудлива, енергична и секси

– Светло-розова: возбудлива, среќна и жешка

– Нежна розова: романтична, нежна и слатка

– Беж боја: нежна, покорна и тивка

– Темно-црвена: богата, елегантна и префинета

– Теракотна боја: реална, топла личност, комплетна

– Портокалова: интересна, детинеста и среќна

– Боја на праска: нежна, нејасна и издржлива

– Нежно-жолта: весела, среќна и нежна

– Светло-жолта: интелигентна, весела и друштвена

– Крем боја: нежна, богата, топла личност

– Нежно-сина: смирена, тивка и мирољубец

– Морско-сина: пријатна, богата и едноставна

– Темно-сина: веродостојна и едноставна

– Светло-зелена: свежа и полна со живот

– Темно-зелена: природна, доверлива и полна со енергија

– Боја на зелен лимон: личност која брзо се лути, свежа

– Бела: чиста, невина и чесна

– Црна: моќна, елегантна и мистериозна

– Сива: класична, опуштена и соработлива

– Сребрена: класична, опуштена и скапа

– Златна: топла, богата, личност која зрачи енергија.

Знаејќи го значењето на вашите омилени нијанси, направете го најдобриот избор за вашата свадба.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement