Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Како да направите спектакуларна свадба?

Секој сака да има свадба која ќе остане запаметена. Што треба да знаете доколку сакате да имате свадба од соништата?

Привлечете внимание: Најдобар начин да привлечете посебно внимание на вашата свадба е да изберете уникатни и необични покани. Не се плашете да изберете некој досега невиден дизајн, затоа што на сите им е преку глава од обичните романтични покани. Всушност, најдобра идеја е да направите сопствени уникатни покани, кои ќе бидат одраз на вашата единствена љубов. И не заборавајте, сите сакаат шеговити и интересни дизајни.

Драматичен фустан: Најважно е да изберете фустан кој вам ви се допаѓа и ви прилега. Не се плашете да излезете од предвидените шеми за невестински фустани и да изберете некоа уникатна и необична креација. Кога станува збор за вашата свадба, не треба да имате граници околу бојата, моделот, дизајнот… Всушност, што е понеобичен фустанот, тоа се поголеми шансите вашата свадба да остане во сеќавањата на вашите гости.

Бомбастични торти: Тортата е централниот дел на забавата, па погрижете се да имате спектакуларна торта со уште поспектакуларна презентација. Во овој случај, што поголемо тоа подобро. И не мора да се држите во стандарните формати на свадбени торти – договорете некој дизајн со вашиот слаткар кој ќе биде специјално направен само за вас.

Танцување: Научете некој интересен танц за вашата свадба со кој ќе ги воодушевите вашите гости. Во танцот нека ви се придружат и вашите најблиски. Всушност, часовите по танц пред самата свадба се одличен начин за дружење и забава со вашите роднини и пријатели, а ефектот кој ќе го постигнете со извежбаната кореографија ќе биде фантастичен.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement