Нефилуваните, или т.н. “голи” торти стануваат многу популарни кај двојките кои бараат едноставна декорација за нивната свадба. Голите торти се составени од класичен пандишпан, слоевито нареден со фил. Може да се декорираат со свежо цвеќе на врвот, или украсени со свежо овошје и персонализирани дизајни.
Голите торти немаат фондан или традиционален шлаг кој нормално би се очекувал кај секоја свадбена торта. Ова ви овозможува да ги видите внатрешните слоеви на тортата и сите “благодети” помеѓу нив. Голите торти се идеални за оние кои би сакале да понудат нешто што се разликува од традиционалните свадбени торти.







You must be logged in to post a comment Login