Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Црвена венчаница, младоженец мие садови: Свадбени обичаи од сите краеви на светот

Која девојка ќе извлече прстен од торта ќе биде следната невеста, младите пробуваат 4 различни зачини и проверување на младоѓенецот кога се во прашање куќните работисе само некои од обичаите.

Иако најпопуларни се венчавките во кои младата носи бела венчаница, а младите носат бурми на рацете, одредени краеви на светот се држат до нивните, тотално спротивни традиции.

Кој уште носи бело

Додека во повеќето западни земји света традиција е невестата да носи бела венчаница, како симбол на невиност и чистота пред бракот, во бројни азиски култури се верува дека ведрите бои на венчаници носат среќа. Така, јако црвената венчаница е најпопуларен избор, која наводно, предизвикува среќа и успех во бракот.

 

Торта која баш многу „стои”

Во Велика Британија, според традицијата, младата треба да носи потковица украсена со чипка за среќа, а свадбената торта мора да е од марципан чиј горен дел се чува додека парот не добие деца.

Перуански прстен од торта

За сите слободни дами на венчавките во Перу се подготвува посебна торта во која се вметнати бели траки (врвци), а само на една трака се наоѓа лажна бурма. По старото верување таа што ќе ја извлече бурмата е следна невеста.

 svadbeni obicai

Дегустација на четири елементи

Според западно-африканската традиција дегустацијата на зачини е еднакво важна како и разменување на брачни завети. Зачините треба да бидат слатки, лути, горки и кисели, како симбол на се она што ќе поминат во бракот. Така киселиот зачин претставуваат компромисите кои ќе морат да ги направат, горкиот е недостаток на разбирање, слаткото вечната љубов и лутото е страста меѓу нив.

Во Кина видовит човек го одредува датумот на венчавката

Според традицијата, невестата треба да побара помош од астролог и гатач за да го одбере најпогодниот ден за својата венчавка бидејќи тоа ќе влијае на успехот на бракот. Колку е фамилијата побогата толку свадбата подолго трае, а неизоставен дел е чајанката за членовите на фамилијата.

 svadbeni obicai 4

Донесете прстен за нога

Како што според западната традиција се носат прстени на раце, така хиндусите имаат своја традиција. На нивните венчавки прстенот се става на нога поточно на прстот до палецот и тоа е знак дека жената е зафатена. Секој кој не е венчан не смее да носи прстен на нога, дури ни како моден детал.

 

Супа за душа

На традиционална чешка венчавка задача на парот е да научат нешто за подобро функционирање во пар. Заради тоа цврсто ги замотуваат во ќебе и им оставаат по една слободна рака. Така замотани мораат да се нахранат меѓусебно со супа, а таа традиција е симбол на соработка за да се наминат тешкотиите.

Танц во престилки

Доказ дека на престилките не им е место само во кујната се полјаците кои ја започнале традицијата според која невестата танцува со престилка, асекој кој сака да танцува со неа треба да остави пари во џебот.

 svadbeni obicai 3

Ако не ги измие добро садовите, ништо од бракот.

На Филипините, младоженецот пред венчавката оди во куќата на невестата а да добие дозвола за брак, а тој обичај се вика „памаманхикан”.

Понекогаш ќе треба да изврши и некој од домашните обврски како миење садови или пеглање, а се со цел да покаже дека е спремен за брак и да се грижи за идната сопруга.

 

Сами одат по поклони

Во Финска невестата сама е задолжена за собирање поклони и мора да оди од куќа до куќа и да ги собира. Нејзиниот сопруг за тоа време стои до неа, а ако врне тој го држи чадорот како симбол дека секогаш ќе и пружи „кров над глава”

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement