“Случајно да не се дрогираше, пред да дојдеш овде? Вие сте целосно зае*ани!“, изјави актерот, кој не можеше да се изначуди на глупите прашања кои ги доби од својата соговорничка.
За време на неодамнешните доделувања на “Оскар“ Кевин Спејси беше шокиран кога новинарката на црвениот тепих му постави низа бесмислени прашања, од тоа во колку саат се разбудил дента, кој му ја направил фризурата, дали носи корсет?!
Шокираниот оскаровец најпрво почна да раскажува што се правел во текот на денот, кога се разбудил, кога доручкувал, а потоа на прашањето на соговорничката дали има направено маникир, колку месеци вежбал за да може да влезе во оделото, дали носи корсет под оделото, актерот застана и изјави:
-“Дали се дрогираше пред да дојдеш овде? Вие сте целосно зае*ани!“, низ смеа изјави Кевин, кој не можеше да ја разбере поентата на интервјуто.
httpv://www.youtube.com/watch?v=xlW-aHC8KdI

You must be logged in to post a comment Login