Сопругот на Тори Спелинг признава дека ја изгубил контролата пред да побара помош во клиниката за одвикнување.
Објавен е првиот тизер за реалити шоуто “ True Tori”, а Дин Мекдермот (47) призна дека ја мамел сопругата, 40 годишната ѕвезда од серијата “Beverly Hills”, со која што има четири деца – Лијам (6), Стела (5), Хети(2) и 18 месечниот син Фина, пред да се пријави на клиниката за одвикнување од секс во јануари.
“Тоа беше мојот најголем кошмар, ја мамев мојата сопруга, изгубив контрола. Сексот ми беше начин да избегам, како дрога или алкохол”.
Видно вознемирена Тори кажала:
“Никогаш нема да можам да му понудам доволно секс. Никогаш нема да му биде доволно. Никогаш нема да биде среќен само со мене. Свесна сум дека ова можеби нема да има среќен крај.”
Извор близок до Тори кажува дека таа не е сигурна дека ќе успее да го сочува бракот.

You must be logged in to post a comment Login