По неверството на сопругот, глумицата Тори Спелинг повеќе ништо не остава на ситуацијата, па затоа и дала отказ на својата дадилка која мислела дека е премногу згодна.
Тори на овој потег се одлучила, откако дознала дека сопругот ја изневерил, и после немилите настани западнала во озбилна депресија, а имала и здравствени проблеми.
,,Тори едноставно не му верува на сопругот кога е во близина на дадилката. Таа ништо не направила погрешно и била одлична кон децата”, кажал изворот близок на семејството, и додал дека нејзините деца сега непрекинато плачат поради заминувањето на дадилката.
Таа работела за Тори уште од 2011 година, а изворот тврди дека била и многу добра пријателка со глумицата.

You must be logged in to post a comment Login