Бразилската убавица и српскиот кошаркар, од февруари не објавиле ниту една заедничка фотографија, што порано било секојдневие, а веќе некое време не се пратат ни на твитер.
Судејќи според фотографиите, Адријана Лима, велигден го поминала на Мајами со ќерките, додека Јарич во Англија.
,,Се надеваме дека и вие уживате во велигден како и ние. Ве сакаме, Адријана, Валентина и Сиена”, напишала Адријана Лима.
Приказните за развод се шират уште од март, кога еден американски таблоид објавил дека парот веќе не живее заедно, и дека наводно манекенката има нов партнер.
Дали тие поради деловни обврски не ги поминале заедно празниците, или навистина не се во најдобри односи, родителите на кошаркарот не сакале да коментираат.

You must be logged in to post a comment Login