Америчкатаглумица Роузи Перез одамна не е во добри односи со Џенифер Лопез а во врска со таа расправија таа пишувала во своите мемоари под наслов „Handbook of Unpredictable Life“. Таа конкретно зборела за тоа како ја упознала Џеј Ло на снимање на серијата „In Living Color“ каде и ја пружила првата шанса, опишувајќи ја во тие моменти како дебела и развлечена. Перез истакнува дека Лопез од старт правела проблеми на другите актери во шоуто. „Сите други девојки доаѓаа и се жалеа како она манипулира со гардеробата, шминката па и со мене, и се тоа за да успее да се издигне над сите. Дури и ми се дереше на мене, „Ме малтретираш секој ден! Работам како луда а ти ме туркаш на страна и ме третираш како ѓубре! Знам колку сум добра! Подобра сум од сите девојки и ти тоа го знаеш““. Перез тврди и дека откако Лопез ја напуштила серијата многу лошо зборела за неа, но по новата нивна средба во еден клуб година дена покасно, се преправала како да се најдобри пријателки. „Џенифер ми пријде со осмех, како ништо да не се случило. Требаше да искулирам , но наместо тоа ја убив со својот остар јазик“, вели таа.

You must be logged in to post a comment Login