Некои славни личности, кои ги сакате повеќе или помалку, би ве изненадиле со својот коефициент на интелигенција. Иако сите знаат за нивните таленти, тие се успешни и во некои други области… Зборуваат по неколку јазика, имаат сенс за бизнис, дипломирале на некој од најпрестижните факултети…
Шакира
Оваа преубава Колумбијка може да понуди многу повеќе освен нејзиниот добар глас и изглед. Нејзиниот IQ изнесува над 139. Првата песна ја напишала на осум, а со поезија почнала да се занимава уште на четири години.
Мадона
На листата на славните на Менса се наоѓа и Мадона, чиј IQ изнесува 140. Нејзиниот успех во музичката индустрија, со продадени над 300 милиони плочи, е ненадминат досега.
Нолан Гулд
Ѕвездата на „Modern family“ со своите 15 години е најмлад на листата. Има IQ од 150. Средно училиште завршил на 13 години, а веќе на 14 г. се запишал на колеџ.
Квентин Тарантино
Овој режисер кој стои зад некои од најомилените холивудски филмови („Kill Bill“, „Pulp Fiction“, „Django Unchained“ итн.), не изненадува дека има висок коефициент на интелигенција од дури 160, иако нема ни матурирано.
Ејжија Карера
Можеби немате чуено за Карера, но земајќи ја предвид нејзината професија, нејзиното висок IQ навистина изненадува. Имено, се работи за порно ѕвезда која играла во 350 филмови, чиј IQ изнесува 156. Кога имала 13 години настапувала во Карнеги Хол свирејќи на пијано, а била и стипендист на Универзитетот Ратгерс.




You must be logged in to post a comment Login