Популарната пејачка го открива својот рецепт на вежби со кои успеала да симне 25 килограми по бременоста.
Спектакуларните настапи со тешка кореографија се заштитен знак на популарната пејачка Пинк.
Меѓутоа, како влегла во совршена форма после бременоста во која качила 25 килограми, е прашање кое ги интересира сите жени. Пејачката во 2012 година роди ќерка, и со специјална програма на вежби и исхрана успеа да ослаби.
“За време на бременоста, верувале или не, јадев многу колачи, посебно чизкејк. Мислам дека мојата ќерка е составена од чизкејк”, се шегува пејачката. Бременоста за нејзе била многу збунувачка. За време на бременоста не обрнувала внимание на исхраната. По породувањето време било за слабеење.
“Тренинзите беа поделени така што, еден саат работев кардио вежби, додека саат време правев сангу или јога. Што се однесува на вежбите за сила, тие се состоеа од подигање тегови и чучњеви”, открива пејачката.
Уште една нејзина тајна е вратилото. Жените обично не го прават од ова, кажува Пинк. Се плашат дека премногу мускули ќе се развијат на нивниот горен дел. Меѓутоа, тоа е застарено. Треба да се осеќаме моќни.

You must be logged in to post a comment Login