Парис Хилтон сака да патува на егзотични дестинации, а крајот на февруари се упати кон Карибите. Откако по првиот ден во март ја сретна својата пријателка Наоми Кембел, познатата џетсетерка не се двоомеше многу да ја наговори својата “црна газла” наредната нивна дестинација да биде Јамајка.
Двете дами уживаа во рајските предели, а својот провод го оковечиа со фотографии и видео снимки на Инстаграм. Тридесет и четри годишната наследничка на империјата Хилтон се заблагодарува на Наоми за сјајниот провод и препорачува секој што е во можност да не ја испушта приликата да ја посети Јамајка. Таа веќе размислува за повторна посета на овој остров и на Карибското море.

You must be logged in to post a comment Login