Магазинот In Touch предизвика голем скандал кога го објави списокот на мажи со кои Линзи Лохан имала секс. Списокот го направила самата Линзи за да им се пофали на пријателките.
Оваа недела магазинот објави уште неколку имиња од списокот.
Кога се појави фотографијата со списокот на славните мажи со кои актерката имала секс, навеле дека дел од личностите не се објавени поради “правни причини.”
Некои од нив изјавија дека се во сериозна врска или во брак, и објавувањето на нивните имиња во јавност ќе предизвика скандал од големи размери.
Но, се чини дека секако се одлучиле да го објават списокот со останатите имиња.
На списокот се наоѓаат Ештон Качер, Рајан Фелипе и Орландо Блум.
Актерот Рајан Фелипе е во долгогодишна врска со студентката Полина Слагтер, Орландо Блум со француската актерка Норам Арнеџер, а Ештон се подготвува да застане пред олтар со колешката Мила Кунис.
На листата се наоѓаат и актерот Беницио дел Торо, режисерто Џош Монд и моделот Петеј Врајт. Лидзи сака да се забавува со згодни, славни и успешни мажи, открива изворот за магазинот In Touch.
Минатата недела на листата се најдоа Заг Ефрон, Џејмс Франсоа, Џастин Тимерлејк, Адам Левин и Јоакин Феникс. Пописот го направила Линзи, кога заедно со пријателките пиеле во хотелска соба.

You must be logged in to post a comment Login