Актерката Кејт Бланшет која неодамна доби Оскар за главна женска улога во филмот “Blue Jasmine”, освои уште едно признание. Како што наведува магазинот “Vogue“, холивудската ѕвезда е прогласена за најскапо облечена актерка на оваа церемонија, а нејзината комбинација чини неверојатни 18,1 милиони долари.
Нејзината беж тоалета од модната куќа “Armani”, која ја носеше на доделувањето чини 100 илјади долари, меѓутоа накитот (кој бил изнајмен за ова пригода) е тој кој и ја донесе титулата за најскапо облечена актерка.
Кејт носеше обетки од златарата “Chopard” со 62 камења опал преточени со злато и 33 каратен дијамантскипрстен во облик на круша.
Втора на листата се најде нејзината колешка Шарлиз Терон, чија целосна комбинација чини 15,89 милиони долари.
На трето место се најде Сандра Булок со 8,24 милиони долари, четврта е Маргот Роби со 8,012 милиони долари, а пета од најскапо облечените дами на доделувањето на Оскарите е Џенифер Гарнер со 5,025 милиони долари.

You must be logged in to post a comment Login