Станува збор за дама која има 20 години, влезе во супер финале и освои трето место во најгледаното музичко риалити во Србија.
Дали ја препознавате младата дама на сликата? Девојката која има 20 години, родена е во Рим и таму го поминала целото детство, а со семејството се преселила во Србија кога имала 16 години. Ја воодушеви целата јавност со својот изглед, стил, но и вокални способности, по кои е препознатлива.
Поп пејачката дебитираше во шоу програмата “Првиот глас на Србија”, каде што влезе во суперфинале и освои трето место. Следната година, како член на групата “Moje 3″ со песната “Ljubav je svuda” ја претстави Србија на 58 избор за песна на Евровизија.
Оваа пејачка за само две години кариера се најде на десетина насловни страни, и нејзниниот живот надвор од сцената е исто така целосно придружен од страна на медиумите.Во врска е со српскиот репрезентативец во одбојка, Александар Атанасијевиќ.
Погодивте, станува збор за Сара Јовановиќ.

You must be logged in to post a comment Login