Супермоделот Наоми Кембел се забавува со Мајкал Фасбендер, ѕвездата од „12 години ропство“, тие повеќе не ја држат во тајност својата врска бидејќи се видени во еден лондонски ресторант.
Очевидец ан средбата има изјавено:
„Иако беа во издвоен дел од ресторантот за да имаат приватност, воопшто не им сметаше што може да бидат видени еден со друг. Дури имаше моменти и кога се бакнуваа.“
Наоми наводно е воодушевена од глумецот, нејзин пријател тврди дека одвај го чекала наредниот состанок, но дека статусот на врската не е јасен каде води тоа.
„ Наоми од секогаш има покрај себе богати и познати мажи, па никој не може да знае дали ова со Мајкал ќе прерасне во озбилна врска“, заклучил нејзин пријател.

You must be logged in to post a comment Login