Човек, мит, легенда, љубовник… Леонардо Ди Карио – сѐ во едно. Познат е по своите актерски, но и љубовни достигнувања низ целиот свет. Манекенките му се слабост, а и тие паѓаат на него. Погледнете ја листата со неговите најголеми љубови и флертови. Слбодно може да се каже дека е човекот е вистински светски освојувач.
1. Madalina Ghenea (Романија) – Сѐ уште не е јасно како вистинскиот Џејмс Бонд (како што го нарекуваат Лео) се оттргна од канџите на оваа убавица;
2. Gisele Bundchen (Бразил) – Меѓу најдолгите врски на Лео, излегуваа меѓу 2000 и 2005 година;
3. Bar Rаfaeli (Израел) – Покрај ваква убавица до себе, сосем е јасно зашто Лео не гледаше настрана цели пет години;
4. Helena Christensen (Данска) – Данскиот модел и Лео имаа серија состаноци по успехот на „Титаник“;
5. Alyce Crawford (Австралија) – Придружбата на Лео за време на снимањето на „Големиот Гетсби“;
6. Erin Heatherton (Америка) – Главната причина за прекинот е желбата на манекенката врската да прерасне во нешто посериозно, што судејќи по списоков, не му одговарало на Лео;
7. Anne Vyalitsyna (Русија) –Ѕвездата на „Sports Illustrated“ со која (можеби) Лео ги воспостави критериумите за својот љубовен избор;
8. Blake Lively (Америка) – Овие двајца беа заедно во 2010-та, по што ѕвездата на „Gossip Girl“ побара „утеха“ во бракот со Рајан Рејнолдс;
9. Eva Herzigova (Чешка) – Нивната врска започна додека Ева сѐ уште беше во брак со тапанарот на Бон Џови;
10. Claire Danes (Америка) – Неофицијално, двајцата актери биле во врска на почетокот од нивните кариери, меѓу 1995 и 1996 година;
11. Emma Miller (Велика Британија) – Според гласините, оваа манекенка и Лео биле бар на еден состанок, иако во тоа време таа официјално била во врска со ѕвездата на Desperate Housewives – Џеси Меткалфи;
12. Ashley Roberts (Америка) – Како кај секој освојувач, еве и едно „маченце“ меѓу миленичките на Лео. Актерот и членката на Pussycat dolls се запознале на една забава во Лондон. Останатото е историја;
13. Bridget Hall – (Америка) – Веројатно првата манекенка која го освои срцето на Лео. По неа, следеа уште многууу други;
14. Amber Valetta (Америка) – Наводно Лео ја видел во магазин и му се допаднала, па ги ангажирал неговите луѓе да му договорат состанок со неа. За некој славен како него Vogue му доаѓа како каталог за девојки;
15. Kendal Schuler (Австралија) – Првата средба не ветуваше многу, но по второто видување меѓу нив двајца се разгоре вистинска страст;
16. Trishelle Cannatella (Америка) – Една од многуте русокоси на Лео;
17. Sienna Miller (Англија) – Се зборуваше дека актерката го користи Лео само за да му врати на Џад Лоу. Но, на нашиот љубовник воопшто не му пречеше тоа;
18. Naomi Campbell (Велика Британија) – Наоми и Лео се „замеркаа“ на кратко, во 2005-та и никогаш повеќе;
19. Linnea Dietrichson (Данска) – Нивната врска траела само 5 минути, според изјавите на убавицата. Лео бил премногу пијан за да се посвети повеќе;
20. Bijou Phillps (Америка) – Љубов од времето на „Титаник“.

You must be logged in to post a comment Login