Британецот Ник Далисио (18) е најмладиот милионер на светот кој своето богатство сам го заработил. На 15 години направил апликација за смартфони која се бави со присобирање вести ширум светот и две години подоцна ја продал на компанијата Јаху за 30 милиони долари. Сега е член на инженерскиот тим на оваа компанија.
Младиот гениј потпишал договор и станал полноправен член на инженерскиот тим на Јаху. Сега спаѓа во најмладите милионери на светот, а Вол Стрит журнал го прогласил за најдобра иновација на годината. Својот успех го прослеавил многу едноставно – отишол на работа.
– Живеам нормален живот како и сите други тинејџери. И понатаму излегувам и се дружам со своите пријатели, идам на журки и го завршувам школото. Примарната цел на оној кој сака да успее би требало да ги совлада сите потребни вештини. Денес на интернет барем имате целокупен извор за тоа. Програмирањето, развој на работата, дизајн, маркетинг. Бидете бестрашни и немојте да се плашите од неуспех. Подобар начин за учење од обидувањето и грешките не постои – изјавил Далисио кој ги посоветувал младите кои сакаат да се занимаваат со современа технологија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=uoesGw-RYvg

You must be logged in to post a comment Login