По повеќе месечни судски постапки, Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ добија заедничко старателство над синот Алексндар. Според блиски извори на бизнисменот, Поповиќ ќе може да го гледа детето четири пати месечно, 11-12 дена во месецот, а детето ќе има прилика да го посетува својот татко и во Србија. Исто така, Александар ќе може и понатаму да патува со Северина како што беше и до сега, но со претходна консултација со Милан.
Бизнисменот ќе мора да плаќа алиментација од 2.000 евра.
Хрватската пејачка не се појавила на одлуката во судот во Загреб, се појавила само нејзината адвокатка. Кога го запрашале пред одлуката Милан каква пресуда очекува, тој изјавил дека каква и да биде пресудата, таа ќе биде во корист на неговиот син.
Адвокатката која ја застапувала Северина изјавила дека се задоволни со првиот дел од пресудаа, детето да остане со мајката како што и првобитно побарале. И тоа дека детето може да оди и надвор од Хрватска со таткото, што по нив тоа не е добро бидејки Александар неможел да биде без мајката неколку дена. Алиментацијата не била мала за да можело да се задоволи потребата за Александар, но морале детето и таткото да ја делат истата финансиска судбина, а со тоа што финансиите на Поповиќ се јаки мислеле дека алиментацијата би требало да биде многу поголема.
Северина била известена преку СМС и таа одговорила дека од првиот дел е задоволна, а од вториот дел на пресудата ќе поднела жалба.

You must be logged in to post a comment Login