Само недела дена откако беше објавено дека Мила Кунис го чека своето прво дете со својто вереник Ештон Качер, глумицата е видена на шопинг во Беверли Хилс, и за прв пат го покажа својот труднички стомак.
Познатата глумица ја посетила модната куќа ‘’Dolce & Gabbana’’, oд каде излегла со нови парчиња облека. Многумина претпоставуваат дека Мила веќе се спрема за доаѓањето на приновата, и дека шопингот всушност е наменет за купување на работи за бебето.
-Среќни се, здрави и возбудени бидејки заедно ќе основаат семејство- изјави извор близок на парот.