Срцето на најпосакуваниот холивудски актер го освоила темпераментната Амал Аламудин, советник на Кофи Анан на прашањето односи со Сирија. Интересен податок во биографијата на Амал е тоа што таа работела како асистент на судијата Патрик Робинсон на судењето на Слободан Милошевич во Хаг.
Џорџ Клуни од октомври минатата година е во врска со Амал Аламудин, за која американските весници на шала коментираат дека е „неговата најпаметна девојка до сега“, пишува “People Magazine”.
Амал дипломирала на Оксфорд и работела во престижни британски адвокатски фирми.
Еден период работела во Њујорк, се специјализирала за случаи од областа на меѓународното кривично право, како и човечки права и екстрадација.
Аламудин била асистент на судијата Патрик Робинсон на судењето на Милошевич во Хаг, наведено во нејзината биографија на адвокатскиот вебсајт „Doughty Street“.
Таа зборува англиски, француски и арапски, меѓу нејзините клиенти биле и Џулијан Асанж и Јулија Тимошенко, а моментално е советник на Кофи Анан по прашање – односи со Сирија.
На оваа врска на Клуни со Амал, и предходеа романтични врски со бројни убавици, познати само по својата надворешна привлечност и убавина.

You must be logged in to post a comment Login