Лили Ален итно е пренесена во болница поради труење, пренесуваат медиумите. Популарната британска пејачка ова утро ги извести фановите дека не се чувствува добро и дека не може да престане да повраќа, а кога нејзиното здравје се влошило таа одлучила да побара помош од докторите.
Нешто покасно таа објави фотографија од болница и ги извести фановите дека сега се чувствува подобро.
Лили овие денови има полни раце работа и непрестајно патувана на релација Америка – Англија, каде го промовира својот најнов албум и присуствува на бројни случувања.

You must be logged in to post a comment Login