Насловната страна на престижниот магазин “Vogue” кои го украсија Ким Кардашијан и нејзиниот вереник Кање Вест, предизвика бурни реакции и коментари, но тоа ни најмалку не ја промени самодовербата на оваа старлета, бидејќи е среќна што и се остварил сонот со кој влегла во историјата.
Ким открила дека на сликањето се случила незгода бидејќи нивната ќерка Норт Вест се помочала на Кање. Насловната страна која станала предмет на шега низ светот, сепак барала време и труд да испадне онаква како што ни ја претставија.
Ким е горда што е прва ѕвезда од реално шоу која се појавила на насловна страна на “Vogue”, а Кање прв рапер.
Многу сметаат дека ниту една насловна страна не предизвикала толку негативни реакции како оваа на која се појавија Кање и Ким.

You must be logged in to post a comment Login