Кање Вест успеа после многу молби да ја доведе својата вереница на насловната на часописот “Vogue”, но и понатаму не му оди од рака да и обезбеди покана за елитните холивудски забави.
“Кање и понатаму ги моли луѓето да ја поканат и Ким на настаните каде што се собира холивудскиот крем, но поголемиот дел го одбиваат тоа”, кажува еден извор за “Radar Online”. “Тој е сериозна ѕвезда која луѓето ја почитуваат, но не сакаат да се мешаат со Ким”.
Истиот извор тврди дека отсуството на Ким на афтерпартито по доделувањето на оскарите е доказ за тоа.
“Ким едноставно не е добредојдена на истите места каде што е и Кање. Проблемоте е што Кање бара покрај пристап на Ким да се дозволи пристап и на нејзината мајка Крис! Тоа едноставно нема да се случи. Луѓето Крис ја сакаат помалку и од Ким.”

You must be logged in to post a comment Login