Реалити ѕвездата Ким Kардашијан не само што е искусна во правење лични фотографии, веќе многу добро знае како да ги расипе фотографиите на други семејства.
Кралицата на селфи фотографиите и нејзиниот сопруг не забележаа дека упаднаа во кадар на жена која се слика со својата ќерка во ресторан во Лос Анџелес, каде таа со својата мала принцеза и нејзината друга половина уживаа во семејниот ден.
Во позадина се забележува дека Ким се обидува да дофати нешто од подот, додека малата Норт седи на преголемиот стол, а од другата страна Канје кој е несвесен за фактот дека и тој се најде на фотографијата која ја сликна Алисе Бамфорд, држејќи ја својата ќерка Лилоу. Алисе е ќерка на милијардерот Ентони Бамфорд, пренесува Mail Online, а како опис на својата фотографија ставила “Ручек со Лилоу во Нобу”, без да го спомне славното семејство зад нив.
Кој кажа дека Ким и Канје не може да бидат фамилија како сите останати нормални луѓе.

You must be logged in to post a comment Login