Елизабета Каналис (35) е италијанска водителка и поранешна девојка на Џорџ Куни. По провокативните фотографии од нејзиниот љубовен живот, реши да се слика за “Lormar”.
За јавноста беше најинтересна заради врската со Клуни, но заради нејзината убавина и атрактивност стана приказна сама за себе.
По Џорџ Клуни, почна нова врска со Стив О, ѕвездата од необичниот документарен филм “Jackass”. Меѓутоа и оваа љубовна врска не и траеше многу. Покрај ангажманите на ТВ, таа се придружи и на модните случувања. Голем број модни куќи и брендови го забележаа нејзиниот талент, па на 35 години и стигаат голем број понуди од сите страни.
Колку што им е познато на медиумите, оваа убава италијанка во моментов е сингл. Додека не се појави некој нов, Елизабета не ги запоставува нејзините професионални обврски. Бројните обожаватели со нетрпение ја очекуваат нејзината нова кампања.

You must be logged in to post a comment Login