Иако британската правничка и холивудскиот актер не сакаат да дадат детали за венчавката во јавноста, еден американски портал излезе со информација дека Амал Аламудин и Џорџ Клуни ќе се венчаат во Септември, како и дека веднаш после тоа планираат да го прошират семејството.
‘’Таткото на Амал е стар и секако сака да ги види нејзините деца’’, изјави извор близок до парот.
‘’Венчавката ќе биде во Септември. Иако како потенцијално место е споменат Лондон, парот на блиските пријатели и роднини им кажа дека информацијата за локацијата ќе им ја откријат во последен момент’’, додаде изворот.
Џорџ, кој помогна во дизајнирање на вереничкиот прстен од седум карати, ја запроси Амал во својот дом на 22 Април, така што и приреди романтична вечера, а потоа во соодветен момент ја изненадил со прашањето и прстенот.

You must be logged in to post a comment Login