Блејк која се прослави со серијата ‘’Озборувачка’’ изјави дека има трема на црвениот тепих.
‘’На црвениот тепих не чувствувам самодоверба. Не ми е нималку пријатно. Нон стоп размислувам што Жизел во тој момент би направила’’, призна Блејк.
‘’Ја гледав сестрата на Бијонсе, Соланж која настапуваше пред 90 илјади луѓе. Кога ја видов на Мет Галата помислив ‘Зошто таа си го прави ова?’ Црвениот тепих секогаш ми беше застражувачки. Некои ѕвезди пред настапот се погледнуваат во огледало и го ставаат изразот на лице за настап. Стварно морате да знаете да го направите тоа. Јас сум поинаква. Мене ми е непријатно да стојам пред 500 фотографи’’, откри Блејк и додаде дека често мора да се претвара дека е личност со многу самодоверба и дека тоа се очекува од неа.

You must be logged in to post a comment Login