После успешната и многу напорна светска турнеа, во која одржа преку 100 концерти, Бијонсе одлучи да оди на заслужен одмор.
Славната пејачка со својот сопруг Џеј Зи и ќерката Блу Ајви ја избраа Доминиканска Република за идеална дестинација, каде ќе уживаат во рајските плажи, релаксирајки се на сончевите денови и преубавата природа.
Фотографиите од одморот ги сподели со своите фанови на друштвените мрежи, на кој таа е со сосема природен изглед и без траги од шминка. Овој магичен семеен одмор, славниот пар го искористи и за да ја прослави годишнината од брак.

You must be logged in to post a comment Login