Бекамови решиле да се подноват и да додадат уште една вила на својата листа на недвижнини. Тие ја купија вилата на Џани Версаче во Мајами на чиј праг беше убиен славниот креатор во 1997 година. Ова задоволство ги чинело 60 милиони долари.
Џани оваа куќа, позната како „Каза Каузарина“,ја купил во 1992 година за 10 милиони долари, но потрошил уште 33 милиони за да ја купи соседната ќуќа и да ги реновира двете. Куќата е изградена во 1930 година и била инспирирана од куќата „Алкасар де Колон“, каде Кристофер Колумбо живеел со својата фамилија.
Куќата има 10 спални соби и од 2009 година била хотел.
Дејвид и Викторија, кои се блиски пријатели со Донатела Версаче, долго време барале локација во Мајами, бидејќи Дејвид решил да основа фудбалски клуб таму, кој ќе учествува на американската „МСЛ“ лига.
Се шушка дека се подоготовува доста голема сума на пари која ќе го донесе Кристијано Роналдо во неговиот тим на три години.
Погледнете ги сликите од оваа прескапа вила:

You must be logged in to post a comment Login