Арон Пол се прослави благодарение на ангажманот во серијата „Брејкинг Бед“ но му требало многу долго време за да почне пристојно да заработува.
„Како многу млад одлучив да се преселав во Лос Анџелес. Парите ги собирав уште од 12-13 години. Имав толку подеми и падови што дури некогаш немав ни што да јадам. Еден период живеев со цимер и една недела спиев на кревет а една недела во плакар. Се менувавме, а смештајот не чинеше по 250 долари месечно.“ Тој изјавил дека улогата во Брејинг Бед не ја прифатил затоа што му требале пари, туку затоа што серијата навистина му се допаднала.
„ Кога го прочитав сценариото за пилот епизодата, тоа беше најдобрата работа што некогаш ја имав видено. Незнаев дали ќе испадне нешто од сето тоа но кога почнавме да снимаме, сите знаевме дека сме дел од нешто посебно. Наеднаш сите станвме многу блиски. Толку ги сакам тие луѓе што ми е многу тешко да се збогувам со ова поглавје во мојот живот.“

You must be logged in to post a comment Login