Денес, повеќе од кога било во мода се слаби девојки, но жените со облини секогаш ќе го привлечат вниманието на љубителите на убавината. Ова се дамите кои со своите облини ги освојуваат и мажите и жените.
Селма Хајек
Селма е една од ретките холивудски ѕвезди, кои можат да се пофалат дека сите свои облини и се природни. Она што посебно се издвојува, на што она што највеќе и завидуваат жените ширум светот е бујното деколте.
Џенифер Лопез
Нејзините облини се познати како и таа сама. Таа не пропушта да ги истакне, без разлика дали станува збор за на црвениот тепих или изведба – од длабоко деколте до истакнати шлицови , секогаш е секси без разлика на околностите.
Ким Kaрдашијан
Може да се рече дека нејзините облини се едни од најпознатите во светот во моментот. Критичарите велат дека дури и тоа е единствено што Ким може да го понуди на јавноста, а таа не се срами воопшто. Старлета многу пати позирала сосема гола за разни списанија, вклучувајќи ја познатата Плејбој.
Кели Брук
Иако имаше мали проблеми со вишокот на килограми, таа се враќа во својата стара форма и останува една од најжешките жени во светот. Токму затоа постојано се преплавени интернет страниците со нејзини разголени фотографии.
Бијонсе
Покрај тоа што е одлична пејачка, Бијонсе се смета за една од најубавите жени во шоу бизнисот. Во неколку досегашни истражувања е прогласена за најжешка жена во светот, а таа самата вели дека облините сенајубавата работа што жената ја има.
Софија Вергара
Преубавата колумбика на многу наврати ја понесуваше титулата најжешка жена меѓу актерките. Малкумина може да тврдат дека ова признание не е заслужено, особено ако се земе во предвид дека таа веќе чекори во петтата деценија.

You must be logged in to post a comment Login