Прекрасната вила во Quebec на познатата пеачка Celine Dion се најде на пазарот на недвижнини по цена од 29 милиони долари. Оваа величенствена вила се простира на 77.000 квадратни метри на приватен остров.
Резиденцијата во стилот на француските нормандиски замоци од 2223 квадратни метри во целост е обложена со камен. Раскошниот класичен ентериер е уреден без грешка во завршната обработка и детали. Главниот кат има формална дневна соба и тарпезија која може да прими 19 личности, потоа потполно прилагодена La Cornue кујна, спектакуларна библиотека и семејна соба со прекрасен камин, неформална тарпезарија и канцеларија. Величенствените скалила водат кој вториот спрат каде се сместени спалните соби и детските соби. Третиот спрат е наменет за гостите за кои се спремни раскошни соби и теретана со најсовремена опрема. На најниското ниво е сместена „казино“ соба и камен вински подрум со интегрирана соба за проценување на вино, коњак и слично. Екстериерот има бројни камени тераси од кои погледот преминува кон околните води и природното шумско окружување. Дворецот има голем базен на отворено со неверојатно опремена сопствена кујна и вградена скара за дружење на отворено.
Ако ви се допадна овој ентериер, споделете 🙂
httpv://www.youtube.com/watch?v=hjT2KmiHFU0

You must be logged in to post a comment Login