Повеќето луѓе знаат како да реагираат кога ќе им се појават мали незгодиво домот. Но, дали знаете да си помогнете кога станува збор за вашите заби?
1. Скршен-избиен Заб сосе коренот
Исплакнете го забот во топла вода и потоа ставете го под јазикот. Плунката од устата ќе го спречи сушењето и оштетувањето коренот. Ако не можете да го направите тоа, ставете го во млеко, а потоа побрзајте на стоматолог. Стоматологот можебиќе успееда го фиксира избиениотзаб засоседниот.
2.Скршени заби
Стоматологот може да го надополни парчето од забот кое недостасува. Сепак, додека не стигнете до него, треба да го заштитите забот на следниот начин: Ставете малку восок од свеќа (немојте да го загревате), омекнетего под млаз топла вода и ставете го на остариот раб на скршениот заб – со ова ќе спречите повреда на јазикот и непцата .
3.Испадната навлака
Ако не чувствувате болка, ставете малку паста за заби во внатрешниот дел на навлаката и ставете ја на забот. Флуоридот од пастата за заби привремено ќе послужи како адхезивен материјал (лепак).

You must be logged in to post a comment Login