Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Зошто спиењето на страна е најздраво?

Искривувањето на телото за време на спиењето може да предизвика стрес и притисок на ‘рбетот, вратот, рамената, колковите, па дури и на вилицата.

Експертите советуваат дека од избраната позиција зависат три криви на телото – долниот дел на грбот, средината на грбот и вратот, бидејќи целта е да се задржи природната крива и за време на спиењето .

Експертите исто така велат дека спиењето на стомак лошо делува на вашето здравје, а тоа може да доведе до дегенерација на ‘рбетниот скелет.

Проблемот на оваа позиција е дека, во таа позиција премногу се истегнуваат лигаментите и мускулите околу ‘рбетот и создаваат притисок врз нервите во рацете, а тоа може да предизвика вкочанетост наредниот ден.

Покрај тоа, овој став не се препорачува , бидејќи тежината на телото притиска на белите дробови што пречи во вдишувањето и издишувањето , а исто така,  се создава непотребен притисок на градите.

Кога станува збор за спиењето на грб, проблемот е во тоа што јазикот може да падне наназад и да го блокира каналот на дишните патишта, а оваа позиција не е особено добро за луѓето кои страдаат од апнеја при спиењето.

Исто така, оние кои спијат на грб се повеќе склони кон ‘рчењето.

Луѓето со болести на срцето, одредени заболувања на дишните органи , глауком или одредени стомачни болести можат да имаат корист од таа позиција, лежејќи на грб во полу лежечка положба, подигнати со помош на перници.

За спиењето на страна експертите сметаат дека е најдобра положба за спиење, поради тоа што одговара на природното искривување на ‘рбетот .

Позицијата може да се подобри со цел да биде уште поудобна, ставајќи перница помеѓу колената, а на тој начин ќе бидат релаксирани и колковите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement