Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Забрзајте го согорувањето на калории

Вежбањето е неизбежно ако сакате да ослабете. Доколку сте одлучни за губењето на килограми, ова се три едноставни начини како да го забрзате потрошувањето на калориите и да стигнете до совршената фигура.

Тренинг во зората

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои тренираат рано наутро, пред излезот на сонцето согоруваат повеќе калории. Можеби е затоа што овој тип на луѓе се поагилни, енергични и имаат повеќе време за тренинг од оние кои вежбаат преку ден или навечер. Во секој случај, вреди да се стане порано и по завршување на тренингот да се поздрави сонцето.

Забрзајте

Кога се во прашање кардио вежбите, трчањето ќе согори повеќе калории од одењето. Ако би забрзале малку, ќе постигнете подобри резултати. Додадете и спринт во интервали за да ги разбиете малку масните наслаги околу стомакот. Докажано е дека доколку правилно ги мрдате рацете за време на трчањето, согорувате 15 проценти повеќе калории. За да ја задржите динамиката и мотивацијата, менувајте ја стазата и рутата на која трчате.

Вежбајте насекаде

Мускулите согоруваат повеќе калории од масти. Колку ви е поголема мускулната маса, полесно е да ослабете. Вклучете го вежбањето во секојдневна рутина така што ќе правите чучњеви додека миете заби или ќе носите корпа во маркет наместо да буткате количка, користете скали, седете на топка за пилатес наместо на столица.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement