Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Волшебен пијалок од лук против сто болести. Направете го сами.

Пијалокот од лук е една од работите кои би требало да ги има секој човек кој искрено се грижи за своето здравје и здравјето на своите најблиски. Важно е да се напомене дека овој пијалок прави чуда во одржување на здравјето.
Пијалокот е одлично средство за исфрлање на солта и солените наслаги од организмот. Ја подобрува работната способност на организмот, ја чисти крвта, го зајакнува имунитетот, крвните садови и работата на срцето. Исто така, го одстранува вишокот на маснотии и го подобрува метаболизмот. Незаменет е и против женски болести и воспаленија. Нежно го прочистува целиот организам од штетни наслаги. Подготовката на овој пијалок не е тешка.

Како да го подготвите пијалокот од лук:

Во стаклена тегла ставете 1,2 чешниња лук, секое чешне исечете го на четири дела.
Прелијте го со половина литар црно вино.
Затворете го и оставете на прозор, од сончевата страна 2 недели.
Секој ден 2-3 пати протресете ја теглата.
По завршувањето на 2- те недели процедете го и ставете го во темно стаклено шише.
Земајте од лекот 3 пати дневно по 1 кафена лажица во текот на еден месец.Сето ова можете да го повторите после 6 месеци.

Се верува дека лекот ги убива патогените предизвикувачи на многуте опасни инфективни болести и истовремено ги ја зајакнува отпорноста на човечкиот организам од патогените микроорганизми. Користа од лукот за превенција на кардиоваскуларните болести е поврзана со неговата способност за елиминација на лошиот холестерол.
Покрај ова, лукот е корисен и против хипертензија: ги шири крвните садови со што допринесува за намалување на крвниот притисок. Во црното вино добиениот алкохолен екстракт ги има сите горенаведени особини, и затоа безусловно ќе биде од голема корист за одржување на организмот во здрава, беспрекорна состојба.

Бидете здрави!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement