Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Вежби за зајакнување на имунитетот

За да бидете појаки оваа зима мора да почнете да вежбате. Неопходно е да обрнете внимание на траењето, интензитетот и видот на физичката активност. Се советува да имате умерен тренинг, што може да биде брзо одење во траење од 30 минути, пливање и возење велосипед неколку пати неделно, танцување, бавно темпо на трчање или јога. Аеробниот тренинг се смета за најдобар начин за спречување на болести и чување на здравјето. Неколку истражувања потврдиле дека луѓето кои тренираат редовно, поотпорни се на болести за 50% од оние кои во главно не практикуваат никаква физичка активност. Умерената и редовна активност може да ги ублажи тегобите и симптомите на инфекцијата на горните дишни патишта.

За таа цел, ви нудиме неколку вежби кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и да ја поминете зимата без вируси и настинки.

  • Седнете на статичен велосипед и исправете го грбот. Пред да почнете да вртете на педалите, подигнете ја задницата од седиштето, а едната рака испружете ја во висина на рамето. Почнете да вртете на педалите, а подигната рака свиткајте ја и полека спуштајте ја од страна на телото. На овој начин, ќе ја подобрите циркулацијата на крвта низ целиот организам. Повторете и со другата рака.
  • Расчекорете се на тој начин што стапалата ќе ги отворите колку ширината на колковите. Рацете спојте ги зад глава и раширете ги лактите, па со главата туркајте наназад, а со рацете кон напред. Вдишувајте и издишувајте правилно!
  • Расчекорете се, а стапалата исто така отворете ги во ширина на колковите. Исправете го грбот. Спуштете ги дланките на подот во ширина на рамената. Оваа вежба ќе ви помогне максимално да ги истегнете тетивите на мускулите на нозете. Свиткајте го едното колено, а спротивната рака подигнете ја од страна со цел да го свртете телото.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement