Најдобро би било да го слушате вашето тело, па во согласност со него и да вежбате за време на менструацијата.
Постојат денови кога стварно издржуваме додека вежбаме, без разлика какви и да се физичките активности, и ни причинуваат задоволство. Од друга страна, тука се и оние денови кога попрво би навалиле на грицките и каква и да е физичка активност не доаѓа во предвид. За тоа се криви хормоните.
Една американска медицинкса студија покажала дека мускулите губат на еластичност пред овулацијата. Тоа значи дека хормонските промени можат да влијаат на повреди при вежбање. Среќа, постојат начини тоа да се избегне, а при тоа да извлечеме максимум од вежбањето.

Прва недела
Период на менструација. Хормоните кои ги стимулираа фоликулите се во пораста за да ги припремат јајце клетките за оплодување. Во меѓувреме нивото на останатите хормони се менува. Нивото на естрогенот е на најниско ниво и го тераат вашето тело да согорува повеќе јаглени хидрати наместо масти за да ја извлече потребната енергија.
Што да направите: Вашето тело согорува многу гориво во овој период. Затоа, брзи сетови вежби се идеални, и послесно ќе ги поднесете во овие денови. Ова е период кога најголема корист од вежбите можете да извлечете, и немојте да дозволите хормоните да ве спречат во тоа. Точак, кратки интезивни вежби и разни кардио вежби се идеални за овој период.
Втора недела
Период на овулација. Во овие моменти нивото на естроген расте, а јајце клетките патуваат низ јајцеводот. Високото ниво на естроген влијае на осетливите тетиви на колената што може да резултира со повреди.
Што да направите: Обрнере внимание на вашето тело. Ако вежбите предизвикуваат болки во колената, прескокнете ги. Најпрво, добро загрејте го вашето тело со лесни чучњеви и исчекор, со што би ги опуштиле мускулите и зглобовите.

Треата и четврта недела
Период по менструација. Во овој период нивото на прогестеронот расте а нивото на естрогенот опаѓа.
Што да направите: Овa дивеење на хормоните мoже да предизвика зголемен умор, особено со интезивно вежбање. Причина за тоа е што вашето тело како гориво ги користи масните наслаги наместо јаглените хидрати. Мотивирајте се себе си, така што ќе можете да направите распоред на вежби и план на исхрана. Внесете доволно јаглени хидрати како што е компирот.

You must be logged in to post a comment Login