Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Вежбање за време на менструација: Пет вистини кои треба да ги знаете

Наместо во текот на „оние“ денови да останете во кревет и да пиете разни таблети против болки, вежбајте за да ги неутрализирате грчевите на природен начин. За само половина час со лесни аеробни вежби ќе се чувствувате весели и среќни.

Не сте убедени? Можеби овие пет вистини ќе успеат во тоа:

Секоја жена различно го поднесува овој период, но за многу од нив е повеќе од добро да вежбаат. Експертите нагласуваат дека тренингот мора да биде лесен и дека треба да го слушате своето тело за да не се исфорсирате и преморите.

Со тренинг против промената на расположението

Повеќето жени во текот на овие денови мака мачат со подуеност, грчеви и промена на расположенито. Тренинзите ќе ви помогнат да ја задржите насмевката на лицето, да ја отстраните подуеноста и да ги ублажите болките.

За време на тренингот се потите, при што се ослободувате од вишокот течности, а со тоа и чувството на подуеност се намалува. Вежбањето исто така го поттикнува и лачењето на хормонот на среќата (ендорфим), кој го поттикнува нашето добро расположение и да не мислиме на грчевите. Неодамнешните студии покажале дека редовното вежбање за време на циклусот ги намалува ПМС симптомите.

Време за интензивни тренинзи

Во текот на циклусот нивото на прогестерон и естроген опаѓа и доведува до тоа жената во тие денови да може да согори повеќе калории отколку вообичаено. Се советува во текот на тие денови да направите неколку кратки, но поинтензивни вежби.

 

Водените спортови се препорачуваат

Владее општо мислење дека водата треба да се избегнува за време на циклусот, што е погрешно. Пливањето и уживањето под топол туш после тренингот помага за циркулација и намалување на грчеви. Внимавајте да изберете соодветна заштита.

Прилагодете го тренингот на себе

Ако вообичаениот кардио тренинг за време на циркусот не ви е многу пријатен, бидејќи се чувствувате подуено и тромаво, ви советуваме да се обидете со јога или пилатес. Вежбите кои се практикуваат на овие тренинзи повеќе ги истегнуваат мускулите и со тоа се намалуваат грчевите. Ако имате покрај стомачните грчеви и болки во долниот дел на грбот, се препорачува овој вид на вежбање.

Во ред е и да направите пауза

Ако имате силни болки или пак едноставно не сте расположени за било каков вид на вежбање за време на циклусот, немојте да дозволите да ве нападне грижата на совест, бидејќи и прошетката во паркот ќе ви помогне.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement