Доколку вежбате со тегови само пола саат дневно, за го намалувате ризикот од дијабетис за една третина, а ако се загревате со кардио тренинг, можете да постигнете уште подобар ефект.
Научници од Харвард и од универзитет во Данска анализирале податоци за 32.000 американци помеѓу 1990 и 2008 година за тоа колку често вежбаат.
Првата група во теретана вежбала до еден саат, и со тоа ризикот за дијабетис бил намален до 12 проценти. Групата која вежбала од еден до три саати, го намалила ризикот за 25 проценти, а третата група која поминувала повеќе од три саати неделно, за 24 проценти.
Оние кои дигале тегови до три саата и повеќе, и комбинирале со кардио вежби, го намалиле ризикот за дијабетис дури до 59 проценти.

You must be logged in to post a comment Login