Со оглед на ладното време и загадениот воздух, најмногу страдаат нашите дишни патишта. Грлото го чувствуваме суво и кога повторно ќе излеземе надвор, тоа се надразнува сè повеќе и повеќе, а веќе почнува да боли и потешко голтаме.
Најпрво што треба да направиме е да го посетиме нашиот лекар. Многу е важно да се открие состојбата според симптомите. Тој најверојатно ќе ви препише некои таблети, кои најчесто се шмукаат. Сепак, во некои случаи, сувото грло се јавува и кај дијабетичари или луѓе кои не си водат грижа за нивото на гликоза во крвта.
- Пиењето вода или шмукање на коцки лед ќе помогнат да го одржите вашето грло влажно. Внимавајте при оброците и секогаш плакнете ја устата со вода. Џвакањето и голтањето може да биде потешко бидејќи недостига течност, но тогаш обидете се да пиете вода помеѓу залчињата.
- Џвакајте гума за џвакање или често шмукајте некои бонбони без шеќер, кои ќе предизвикуваат лачење на поголема плунка.
- Јадете повеќе сосови заедно со јадењето. Истражувањата покажуваат дека плунковната жлезда при суво грло е нефункционална и може да има нарушувања при вкусувањето. Со цел да уживате во храната овој период, обидете се да консумирате повеќе сосови, кои истовремено ќе го навлажнат вашето грло. Избегнувајте зачинета и солена храна, бидејќи уште повеќе ќе го надразни грлото.
- Зголемете ја хигиената на устата и редовно мијте ги забите со цел да ги оттргнете остатоците од храна на забите. Плакнете ја устата со течност, а многу добар лек за бактерии е и миењето на забите со сода бикарбонат еднаш неделно.
- Научниците велат дека консумирањето кофеин и алкохол, како и пушење цигари ќе ја зголеми сувоста на вашата уста. Обидете се да го намалете внесувањето на овие производи и наместо нив пијте минерална вода.

You must be logged in to post a comment Login