Крвната група определува кој чај ви одговара
Луѓето со крвна група АБ треба да пијат чај од коприва, оние кои имаат А крвна група која можат да пијат чај од мајчина душица, нулта крвна група има потреба од пијалок од ѓумбир, додека Б крвната група има потреба од органски зелен чај.
Чаевите се нешто што најмногу и најчесто се пие во овие студени денови . Нивниот одличен избор не става во дилема кој да се избере, кои се доволно здрави и кои ни се баш нас потребни. Дозволете крвната група да ви каже кои чаеви да ги пиете.
Крвна група 0
Луѓето кои имаат крвна група 0 се ‘ месо ‘ типови и треба да избегнуваат млеко, мешунки и глутен. Иако добро се справуваат со стресот , ги мачи желудочната киселина. Чаевите, кои се препорачуваат за луѓе со крвна група 0 се базираат на ѓумбир, гинсег, зелен чај и чај Мате , кој е познат како замена за кафе. Идеален избор на чаеви за нив е мешавина на Sencha , женшен и ѓумбир , и наместо кафе чај Мате, чист јапонски зелен чај Sencha .
Крвна група А
Тоа се многу емоционални и многу аналитички лица склони кон стрес, поради кој имаат постојано висок кортизол, хормон на стресот. Иако нив не им смета кафето, имаат потреба за претежно растителна храна, медитација и јога, надополнета со секојдневно пиење на соодветен чај. Чаеви за луѓето со крвна група А се тајвански Зелен чај Gunpowder, чај од чист јасминов цвет , комбинација на сребрен јасмин и зелен чај Ying Hao, и мешавина од равнец, невен и мајчина душица.
Крвна група Б
Луѓето со крвна група Б обично имаат бавен метаболизам, имаат тенденција кон автоимуни заболувања, зголемена телесна тежина, летаргија, хроничен замор и немирен сон . Имаат отпорен метаболизам, но слаба одбрана против бактерии, првенствено од Escherichia coli. Треба да се пие врвен млад зелен чај , зелен органски чај или црвен ројбос без адитиви, со мед и имуно мечавина со бозел ,ројбос , мудрец и маточина.
Крвна група АБ
Членовите на оваа крвна група се интуитивни, не се склони кон стрес, но имаат намалено либидо . Треба да се фокусираат на специфични видови на зелен чај и сродни производи, нане, божур, сандаловина и пијалаци од ориз. Идеален избор на чаеви, за нив е природен жолт чај, мешавина на врвен зелен чај и нане или сејак и печен ориз. За мажите со крвна група АБ посебно се препорачува комбинација на коприва, пеперминт, катаубе и ројбос .



You must be logged in to post a comment Login