Покрај тоа што помага за слабокрвност, цвеклото го намалува високиот притисок и го потикнува работењето на јетрата, жолчката и желудникот.
Карактеристичната црвена боја на цвеклото потекнува од растителниот пигмент антоцијан, силен антиоксидант кој го намалува ширењето на туморот и го потикнува обновувањето на крвните ќелии, додека благодарение на богатата содржина на јод, овој зеленчук е одличен во борбата со атеросклероза и го забавува процесот на стареење на организмот.
Сепак, она поради што цвеклото е супер растение е високата количина на бетанин и бетаин, лековити соединенија кои ја потикнуваат размената на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните садови, ја стимулираат работата на јетрата, жолчката и желудникот.
Овој црвен корен помага и во лечење на грип и намалување на нивото на маснотии во крвта. Бидејќи во својот состав има и одредена количина кобалт кој учествува во создавање на витаминот Б12, неопходен за производство на црвени крвни зрнца ( а многу е редок во други растенија), цвеклото е еден од најдобрите природни лекови за лечење на анемија и посебно се препорачува кај вегетаријанци.
Се користи целото растение иако најлековит е подземниот дел, кој може да се готви, пече или закисели.