Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Што се можете да излекувате со сусамово масло?

Веќе илјадници години сусамовото масло се користи како природен лек кој успешно помага во лечењето на најразновидни болести.

Испитувањата кои се вршени во Холандија од страна на Ајурведските доктори, докажаа дека сусамовото масло се користи за лекување на неколку хронични заболувања како хепатитис, дијабетес и мигрена.

Истите испитувања и истражувања покажаа дека сусамовото масло е и моќен антиоксиданс.

Ова масло во поткожните ткива ги неутрализира радикалите на кислородот.

Тоа брзо навлегува во кожата, а потоа и во крвотокот низ капиларите.

Може да се користи и како капки за нос, со што лечи и хронично заболени синуси.

Сусамовото масло е природна УВ заштита затоа што неговите природни состојки многу успешно им се спротивставуваат на штетните зрачења.

Ако се користи после изложување на ветар или сонце може да ги смири изгорениците на кожата.

Сусамовото масло ја штити кожата од штетното дејство на хлорот кој се става во базените.

Ако ова масло се користи пред и после третмани со радијација помага да се неутрализира напливот на радикали на кислород, коj ваквите третмани го предизвикуваат.

На површинскиот слој на кожата, токсините кои се растворливи во масло се разградуваат под дејство на сусамовото масло и во таков случај можат да се измијат со топла вода и благ сапун.

Слично е и со внатрешноста на телото, молекулите на ова сусамово масло ги дезинтегрираат токсините кои се растворливи во масло, потоа ги носат во крвотокот од каде се изнесуваат надвор од телото како отпад.

Тинејџерите мислат дека маслата не се добри за кожата на нивните лица. Но секако не се во право. Не смеат да се користат тешките токсични масла, но не и сусамовото масло, кое е многу добра за младата кожа.

Сусамовото масло помага да се неутрализираат отровите кои излегуваат низ површината на кожата и низ порите во вид на акни.

Сусамовото масло е богато со протеини, витамини А, Д, Б1, Б2, Е, од минералите содржи калциум и железо и незаситени масти. Мастите кои ги има во составот на ова масло содржат линолна киселина која помага во намалувањето на лошиот холестерол.

Деликатесното сусамово масло кое се користи за јадење е добиено со посебна технолошка постапка без термички и хемиски третман, со што во потполност е сочувана неговата биолошка вредност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement