Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Што кај вагината е нормално, а што не?

На здравјето на вагината може да влијаат бројни фактори. Проблемите со вагината може да влијаат на плодноста, желбата за сексот и способноста за постигнување оргазам, како и на врската, стресот и самодовербата. Доколку ги препознаете симптомите на овие проблеми, можете да делувате на време и да си помогнете.

Што сè влијае на здравјето на вагината?

Секс без заштита

Општо е познат фактот дека сексот без заштита е ризик за многу болести, посебно при менување на партнери.

Агресивен секс

Премногу страствениот секс кој преминува во агресија исто така може да го наруши здравјето на жената и да предизвика вагинални трауми.

Одредени здравствени состојби

Некои болести како дијабетесот и одредени автоимуни заболувања знаат да предизвикаат вагинална сувост.

Лекови и средства за хигиена

Различни лекови како антибиотиците ја пореметуваат рамнотежата на вагиналната флора и предизвикуваат инфекции. Ова знаат да го предизвикаат и средствата за хигиена како геловите за туширање.

Производи за спречување на бременост

Контрацепциските пилули, дијафрагмата и други производи со кои се спречува бременоста, може да предизвикаат иритација на вагината и да доведат до сериозни последици.

Бременоста и породувањето

За време на бременоста се појавува вагинален исцедок, а продолжува и по породувањето. Слузта може да ја иритира раната од породувањето.

Психолошки проблеми

Анксиозноста и депресијата придонесуваат за промени во вагината и можат да предизвикаат сувост и намалено либидо.

Стареење

Со текот на годините, вагината ја губи еластичноста, посебно по менопаузата.

Нивото на хормони

Хормонските промени силно влијаат на функционирањето на вагината. На пример, доколку телото произведува помалку естроген може да дојде до атрофија на вагината. Доколку има премногу естроген, се јавуваат цисти и миоми на јајниците, односно матката, што с еодразува и на вагината.

Кои се најчестите вагинални проблеми?

Состојбите кои влијаат на вагината се разните сексуални проблеми како болка при интимен однос, потоа инфекции пренесени преку секс како херпес, габични инфекции и вагинитис – инфекција која ја ремети хормонската рамнотежа на вагината и предизвикува воспаление.

Доколку забележите некој од овие симптоми, задолжително обратете се на гинеколог. Вагината е многу чувствителна и не смеете да се обидувате сами да ја лечите. Можеби некогаш сте успеале, но всушност болеста само се притаила, а долгорочно може да предизвика сериозни последици. Докторот најдобро знае што треба да превземе и да го реши вашиот проблем.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement