Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Работи кои не сте ги знаеле за кивањето

Што се случува во организмот кога ќе кивнете, зашто во тој момент ви се затвараат очите… Еве неколку работи кои веројатно не сте ги знаеле.

Бактериите пребрзо се шират – Кога ќе кивнете, бактериите кои ги исфрлате патуваат со брзина од 160 километри на час, барем според научниците. Момците од Myth Busters пробале да го проверат овој податок и дошле до заклучок дека бактериите “возат” со брзина помеѓу 50 и 55 километри на час.

Одалеченост до која стигнуваат бактериите –  Миркобите кои ќе ги попрскате во околината кога ќе кивнете можат да стигнат прилично далеку. Некои податоци покажуваат дека тие се шират до одалеченост од 10 метри. Практично, не можете да им побегнете.

Организамот се рестартира – Слично како кај компјутерот, на нашиот нос понекогаш е потребен рестарт, кој му обезбедува притисок за проаѓање на кивањето. Во таа прилика, се ресетира окружувањето на носната шуплина, така да исфрламе лоши честички кои ги внесуваме со дишењето. До кивање доаѓа со помош на биохемиски сигнали кои испраќаат микроскопски влакна на кои се наоѓаат на келиите во нашиот нос.

Што го предизвикува кивањето – Многу луѓе на кивање ги тера сонцето, хартија, ладен воздух, некои киваат од бибер, поради алергии… Постојат многу причини и различни теории во тоа што предизвикува да киваме, но повеќето се согласни дека силната светлост може да доведе до рестартирање на организмот. Според студија, една од четири особи киваат кога ќе погледнат во сонце.

Кивање неколку пати по ред – Лошите честички кои се наоѓаат во носната шуплина понекогаш неможе да се изфрлат одеднаш, затоа понекогаш потребно е повеќе обиди како би се изфрлиле честичките кои го иритираат носот. Поради тоа киваме неколку пати по ред.

Затворени очи –  Секогаш кога киваме, ги затвараме очите и тоа е принуден рефлекс, кој не можеме да го контролираме. Едноставно, дел од пораката која мозокот го го прима во тој момент пред да кивнеме е и тоа да треба да ги затвориме очите.

Срцето успорува –  Вистина е дека срцето успорува само на неколку секунди. Немојте да се грижите, повеќето луѓе тоа дури и не го приметуваат. Причината за успорената работа на срцето е тоа што длабоко вдишуваме пред да кивнеме, како и поради стимулацијата на нервите која се случува во текот на кивањето.

Не го задржувајте кивањето – Во некои ситуации, како на пример кога сме на важен состанок, се суздржаваме од кивање и пробуваме да кивнеме тивко. Иако ретко, тоа може да има последици како пукање на капилари во очите и проблеми со дијафрагмата.

Може да се влијае на нагонот за кивање – Не е препорачливо да не кивате доколку треба, но постои начин да се влијае на тој нагон. Експертите тврдат дека помага доколку го истриеме носот, ја притиснеме кожата со прст над горната усна или силно издувнеме преку нос.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement