Дојде есента, а со неа и сезоната на настинки и вируси. Ако имате послаб имунитет и секоја есен имате кашлици време е да се подготвите.
Наместо да одите во аптека кога ќе почнете да кашлате, одлучете се за природен лек, односно бонбони против кашлица. Се подготвуваат само од природни состојки, а погодни се и за деца.
Потребни состојки:
- половина шолја органско кокосово масло
- половина шолја мед
- 1 лажичка цимет
Подготовка:
Ставете го кокосовото масло во сад и мешајте го со миксер додека не стане пенасто. Потоа додадете го медот и продолжете со мешање додека состојките не се соединат. На крајот додадете го циметот промешајте и добиената смеса претурете ја во калапи за мраз. Ставете ги калапит во замрзнувач околу 20 минути. Извадете ги бонбоните од калапите ставете ги во тегличка и чувајте ги во фрижидер.

You must be logged in to post a comment Login